Прополис во сопствено производство

Потребата за обезбедување на есенцијалната суровина за производите од широката палета на АПИМЕЛ Dr.Bacheff, прополисот, ја наметна потребата за основање пчеларници во сопственост на компанијата. За таа цел, започнавме соработка со искусни пчелари со богато теоретско и практично знаење, чиј успех беше причина во 2012. година да почнеме и професионално да се занимаваме со оваа дејност.

Секојдневните истражувања и настојувањето да изнаоѓаме попрактични начини на пчеларење, резултираа со производство на квалитетни суровини за нашите фармацевтски продукти и врвни готови производи (мед, полен, млеч, восок), кои за брзо време станаа препознатливи по специфичноста и високиот квалитет.

Едукација на пчелари

Нашиот тим пчелари несебично ги споделува своите искуства со индивидуални пчелари и пчеларските здруженија на национално ниво. Неколку пати во годината одржуваме едукативни предавања, чија цел е да се поттикнат пчеларите континуирано да се едуцираат, да ги осознаваат новите методи и практики на современото пчеларење и да ги третираат пчелите со природни препарати за заштита од болести, што од своја страна би резултирало со зголемен квалитет, но и квантитет.

Откуп на суров прополис

Во текот на целата година вршиме откуп на суров прополис во неограничени количини, наменет за производство на готови фармацевтски производи кои се застапени во повеќе од 1.000 аптеки во Р.Македонија. Воедно, вршиме продажба на висококвалитетен лабораториски испитан планински мед.