Приказ на случаи и нивна евалуација во тек на 12 месеци.

  • Цел на трудот: Да се понуди едноставен, евтин  и ефикасен третман кај една хронична-рецидивирачка дерматоза.
  • Acne rosacea претставува хронична дерматоза на лицето, сместена медиофацијално со појава на црвенило и телеангиектазии (rosacea erythematosa), понекогаш папули (rosacea papulose), нодули и пустули (rosacea pustulosa), а кај мажи и Rhinophima.

Етиопатолгија е нејасна: конституционална слабост на капиларите, хормонални пореметувања, исхранатa, пореметување на вегетативниот нервен систем, гастроинтестинално пореметување, инфект (Demodex folliculorum), фотосензитивност.

  • Приказ на  случаи со розацеа папуло пустулоза:
  • Постојат многубројни третмани и шеми за лекување на розацеата, сите се долготрајни и фрустрирачки за пациентите. Долготрајната употреба на антибиотици и кортикостероидни препарати, кои доведуваат до краткотрајно подобрување, дополнително ги залажуваат  и пациентите и терапевтите, откако ќе ги пројават своите несакани дејства (стероиден дерматитис).
  • Сите пациенти беа Helicobacter pylori (+++),
  • ординирана тројна терапија за ерадикација на Helicobacter pylori.
  • Еден пациент беШе позитивен на Demodex folliculorum.
  • Кај пациентите применив 15 % Прополисен крем наутро и навечер, користејќи го антиинфламаторното, фотопротективното и антиагрегационото дејство (Дејанов) на  прополисот .
  • Видна регресија на промените настана за една недела, промените целосно исчезнаа во тек на еден месец. Болеста не се појави во следните 12 месеци.