Прополис 25% форте

130 ден

Прополисот е пчелин производ познат и употребуван во народната медицина повеќе од 5.000 години. Претставува сложен биокомплекс на активни супстанци (флавони, флавоноиди, естри, ароматични киселини, полифеноли и др.). Микроорганизмите не покажуваат отпорност кон прополисот.

ДЕЈСТВО:

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се пијат или се накапуваат на шеќер, врел чај или млеко до 30 капки на ден, распределени во 3 дози пред јадење. Инхалации се прават на следниот начин: 15-20 капки на 200 мл. врел чај покривајќи ја главата со крпа и силно вдишување. Истите се препорачуваат два пати на ден, особено пред спиење.

НАПОМЕНА:

Препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува на лица осетливи на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава трагови кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси. Да не се надминуваат препорачаните дози.

СОСТАВ:

Прополис екстракт 25% во разреден алкохол.

ЧУВАЊЕ:

На суво и ладно место до 25°С, заштитено од дневна светлина. Да се чува надвор од дофат на деца!!

РОК НА УПОТРЕБА:

5 години
втиснат на надворешната амбалажа
последна ревизија на упатството 04/2015

ПАКУВАЊЕ:

Нето 10мл.