Асквам за мажи

390 ден

Со отстранување на најповршниот дел на кожата го ослободува пилосебацеалниот канал на лојните жлезди, го смирува воспалението, спречува населување на бактерии и габи. Ги отстранува масните лушпи и вишокот на маснотии од кожата, во исто време ја прави кожата нежна и влажна. Го отстранува првутот од поглавината.

ИНДИКАЦИИ:

Себореа, акне, фоликулитис, првут, лесни форми на псоријаза на поглавината.

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

Препаратот не треба да го употребуваат лица пречувствителни на некоја од состојките.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • Себореа на лице и на други делови на телото: нанесете еднаш до два пати на ден. Мажите со себореа, акне или фоликулитис на лице го употребуваат како лосион после бричење.
  • Акне: како самостојна терапија еднаш до два пати на ден; во комбинација со крема Проакне: навечер, на сите промени се нанесува кремата. Утредента кремата се отстранува со лосион АСКВАМ, лицето се мие со топла вода, се суши и повторно се нанесува од кремата Проакне. Постапката се повторува сè до постигнување на задоволителен резултат.
  • Себореа и псоријаза на поглавината: Лосион АСКВАМ се нанесува на сува коса два пати на ден во тек на два дена. Се нанесува доволна количина од лосионот за поглавината да е добро натопена. По два дена, косата се мие со шампон. Постапката може да се повторува се до постигнување на саканиот резултат. При козметички третмани, лосионот АСКВАМ се употребува пред и по мануелна експресија на акне, пред и по депилација.

НАПОМЕНА:

  • Несакани дејства: Акутен контактен дерматитис и акутен алергичен дерматитис.

Доколку на местата каде е нанесен препаратот се јави силен јадеж, пропратен со појава на ситни меурчиња, истиот треба да се отстрани со миење со топла вода и сапун; ако состојбата не се смирува, обратете се кај вашиот дерматолог.

Внимавајте препаратот да не дојде во контакт со очите.

Не содржи вештачки бои и конзерванси.

Препаратот е атестиран и одобрен во ИЈЗ Скопје под бр. 2345/04

СОСТАВ:

  • Alcohol
  • Aqua
  • Urea
  • Propolis
  • Calendula Officinalis Oil
  • Propylene glycol
  • Chamomilla Recutita Extract
  • Menthol
  • Pimpinella Anisum Extract
  • Juniperus Communis Fruit Oil/ Cananga Odorata Flower Extract (ylang-ylang oil)
  • Прополис екстракт (Propolis extract)

ЧУВАЊЕ:

На суво и ладно место до 25°С, заштитено од дневна светлина. Да се чува надвор од дофат на деца!

РОК НА УПОТРЕБА:

Втиснат на надворешната амбалажа.

ПАКУВАЊЕ:

120 ml